„Viral Coffin Dance“ продаден како NFT за речиси еден милион долари

Видеото од носачите на ковчег во Гана кое во 2015 година стана вирално на социјалните мрежи и познато како „Coffin Dance“, е продадено за 327 етериуми односно за околу 990.934 долари.

NFT креаторот Бенџамин Аидо по пат на Твитер ја соопштил веста за неверојатната продажба и им се заблагодарил на сите кои ги испратиле своите понуди. Продажбата на NFT-то не е за личен профит – средствата ќе бидат искористени за испраќање на финансиска помош на Украина.

Мемето од носачите на ковчег стана ултра популарно, а истото е пропратено со електронска денс музика „Astronomia“, која ја компонирал рускиот композитор Тони Иги.

Секое NFT е уникатно и не може да се реплицира или копира, па некои можат да бидат исклучително скапи, додека криптовалутата етериум е спротивно од тоа и има иста вредност.

Оној кој купува NFT, ги купува и ексклузивните права на мегаподатоци кои претставуваат официјален сертификат за сопственост. Сепак, тоа автоматски не мора да значи дека купува и „визуелни“ или „аудио“ својства. Попрецизно, купувачот на NFT не ги поседува ексклузивните права на вистинското меме – тие права и понатаму им припаѓаат на оригиналните креатори на истото.

На пример, Леонардо да Винчи секогаш ќе биде креатор и „сопственик“ на уметничкото дело „Мона Лиза“, без оглед кој ја поседува сликата денес или во иднина.

Слични Вести
Menu