Американскиот милијардер Илон Маск, доставил понуда за стопроцентно преземање на Твитер по цена од 54,20 долари по акција.

Американскиот милијардер Илон Маск, доставил понуда за стопроцентно преземање на Твитер по цена од 54,20 долари по акција.

Тој навел дека на оваа социјална мрежа ѝ треба трансформација во приватна компанија, пренесува „CNBC“.

„Вложив во Твитер затоа што верувам во неговиот потенцијал да стане платформа за слобода на говор ширум светот, затоа што сметам дека слободата на говор е социјален императив за функционална демократија“, напишал Маск во писмото упатено до претседателот на Твитер, Брен Тејлор.

Акциите на Твитер се зголемиле за 12 отсто пред официјалниот почеток на работното време на Вол Стрит, откако во средата биле заклучени на ниво од 45,85 долари по акција.

Маск кој е главен извршен директор на Тесла и Спејс Икс, во писмото навел дека иако одамна почнал да инвестира во Твитер, дури сега сфатил дека „компанијата нема да напредува ниту да му служи на слободниот говор како социјален императив во моментот на обликување“.

„Како резултат на тоа, нудам да купам 100 отсто од Твитер за 54,20 долари по акција во готово, што е премија од 54 отсто во однос на еден ден пред да почнам да вложувам во Твитер и премија од 38 отсто во однос на денот пред моите инвестиции јавно да бидат објавени.

Ова е мојата најдобра и конечна одлука и доколку не биде прифатела морам да ја преиспитам својата позиција како акционер. Твитер има исклучителен потенцијал. Ќе го откријам“, порачал Маск во соопштението.

Слични Вести
Menu