НАЧИНИ КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД ПРОЛЕТНИТЕ АЛЕРГИИ БЕЗ ЛЕКОВИ

Алергиите се резултат на зголемената чувствителност на имунолошкиот систем на безопасни материи во околината. Некои од непријатните симптоми поврзани со алергиите се поленска треска, алергии на храна, атопичен дерматитис, алергиска астма и анафилакса. Сепак, постојат начини да се справите со алергиите без лекови.

1. Поретко проветрувајте
Денот е прекрасен, но ако нивото на полен е високо, најдобро е прозорците и вратите да се затворат за да се задржи воздухот во просторијата. Можете исто така да инсталирате специјален филтер во вашиот клима уред.

2. Почесто туширајте се
Секој пат кога ќе влезете во вашиот дом, со себе ги носите и најмалите честички од надворешниот свет. Откако сте на отворено, вашата облека, чевли, коса и кожа стануваат носители на честички од местото каде што сте биле. Туширајте се и пресоблечете се за да се ослободите од алергените. Оставете ги чевлите на вратата.

3. Носете маска
Ова ќе спречи алергени да навлезат во дишните патишта ако не можете да избегнете одредени алергени, како на пример кога работите во двор или кога чистите со правосмукалка.

4. Јадете правилно
Во една студија, децата кои јаделе многу свеж зеленчук, овошје и јаткасти плодови, вклучувајќи грозје, јаболка, портокали и домати, имале помалку симптоми на алергија. Истражувачите сè уште немаат воспоставено врска, но нема сомнеж дека правилната исхрана е добра за целото тело. Јадете барем едно свежо овошје или зеленчук на секој оброк.

5. Исплакнете го носот
Плакнењето на носот ги чисти мукозните мембрани и може да ги ублажи симптомите на алергија. Исто така, може да ги отстрани бактериите и течната слуз и да ја намали „постназалната конгестија“. Купете раствор за плакнење на носот. Измешајте три лажички нејодизирана сол со една лажичка сода бикарбона. Смесата чувајте ја во херметички затворен сад.

Слични Вести
Menu