„Ги изневерував сите девојки сè додека не ја запознав Изабел“

„Имав многу девојки и на ниту една не ѝ бев верен. Сите ги изневерував сè додека не ја запознав Изабел“, раскажал познатиот актер.

Актерот Џејмс Франко и неговата поубава половина – актерката Изабел Пакзад, започнаа да се забавуваат во 2017 година, но својата врска ја чуваа далеку од очите на јавноста. Во едно интервју за американски подкаст, славниот актер признал дека 20 години бил зависник од секс и дека ги изневерувал сите свои девојки. Сè додека не ја запознал Изабел.

Се чини дека атрактивната Пакзад му го освоила срцето бидејќи тој подолго време не се одвојува од неа, а еден на друг се најголема поддршка.

Овој актерски пар неодамна бил фотографиран на плажа во Мајами, каде се фокусирале на дневните активности како пливање, сончање и генерално, уживање во магиите на водата.

Прекрасната актерка носела светлосино бикини кое ги истакнало нејзините атрибути, а по фотографиите е очигледно дека таа е олицетворение на вистинска природна убавина.

Слични Вести
Menu