Во народната медицина постојат различни природни пијалоци кои благотворно делуваат на организмот – посебно место зазема водата со суво грозје. Овој напиток се користи за разни здравствени проблеми, а особено е ефикасен за детоксикација на црниот дроб . Водата со суво грозје има поголема количина на лесно сварливи антиоксиданси. Овие супстанции значително го олеснуваат функционирањето на црниот дроб и ја зголемуваат ефикасноста на бројните ензими. Покрај тоа, сувото грозје содржи и диетални влакна кои ја оптимизираат функцијата на цревата и го стимулираат метаболизмот.
Покрај детоксикација и добар ефект врз варењето, овој напиток е енергетски еликсир. Ќе ви даде доволно енергија и ќе содржи малку калории, што го прави одличен сојузник за слабеење. Добар е за слабеење бидејќи не содржи масти, а со стимулирање на ензимските функции го намалува и нивото на холестерол. Дури и обична чаша вода на празен стомак е доволна за да добиете чувство на ситост. Кога водата ќе се збогати со суво грозје, тогаш ефектот ќе трае подолго. Главната работа е да не заборавите да јадете суво грозје после пиење вода.
Многумина ќе помислат дека е подобро да се јаде свежо отколку суво грозје, и тоа е вистина. Сепак, суво грозје имаме цела година, релативно е евтино, а можете лесно да го чувате дома. Истражувањата покажуваат дека сувото грозје е добро за крвниот притисок, како и за кардиоваскуларното здравје .
Како да подготвите вода за детоксикација со суво грозје: За една чаша добро измиено суво грозје користете три чаши вода. Промешајте и варете неколку минути, само да се загрее водата, без да зоврие. Готвењето е важно за сувото грозје да испушта важни материи во водата, а пијалокот да се пие ладен. Пијте го во рок од 24 часа, но се препорачува првата чаша да се испие наутро на празен стомак.
Можете да го јадете преостанатото суво грозје од пијалокот или да го користите за подготовка на колачи , пити и други јадења. Сувото овошје може да биде одлично за метаболизмот и слабеењето, но мора да го земате во ограничени мерки бидејќи содржи многу гликоза и фруктоза.