РЕЦЕПТ ЗА ЛЕК ПРОТИВ АНЕМИЈА-ЛЕСЕН ЗА ПОДГОТОВКА И МНОГУ ВКУСЕН

Симптомите на анемија вклучуваат замор, слаба концентрација, ослабен имунитет, низок крвен притисок, воспаление на јазикот, забрзано чукање на срцето, треска, вртоглавица, слабост, бледило, чувство на студенило во екстремитетите, тага, депресија, нарушувања на спиењето и намален апетит.

Одредени форми на анемија се наследни, а жените се особено подложни на анемија поради недостаток на железо предизвикана од загуба на крв поради менструацијата и зголемена потреба за снабдување со крв за време на бременоста.

Постарите луѓе исто така може да бидат изложени на поголем ризик од развој на анемија поради лошата исхрана и други здравствени состојби.

Природен лек за подобрување на крвната слика – рецепт

Компоненти:

– 200 мл мед

– 200 гр ореви

– 200 гр суво грозје

– 200 мл сок од морков –

– 200 мл сок од цвекло

2 лимони

Подготовка:

Измијте 2 лимони. Исечете ги на половина и отстранете ги семките. Сомелете ги заедно со кората (ако е испрскан лимонот – излупете го) и ставете го во голема тегла.

Во мелениот лимон додадете мед, сок од цвекло и сок од морков и измешајте.

Во смесата додадете ситно сечкани или мелени ореви и суво грозје и повторно измешајте сè.

Ќе добиете околу 1 кг вкусни и многу здрави лековити материи. Земете една лажица три пати на ден пред јадење

Чувајте ја теглата во фрижидер.

Слични Вести
Menu