„Секс пистолс“ повторно ќе ja објават God Save the Queen пред јубилејот

Контроверзниот сингл на бендот „Секс пистолс“, God Save the Queen, ќе биде повторно објавен пред платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора.

Првично издадена за време на Сребрениот јубилеј во 1977 година, антикралската песна го споредува Обединетото Кралство со „фашистички режим“ и вели дека кралицата „не е човечко суштество“.

Во тоа време, Би-би-си и комерцијалните радиостаници ја забранија, а контролорот на „Радио два“, Чарлс Меклеланд, рече дека песната е „грубо невкусна“.

И покрај тоа, го достигна второто место на табелата за синглови во Велика Британија. Хитот на Род Стјуарт, I Don’t Want To Talk About It на Род Стјуарт тогаш беше на врвот на топ-листата на синглови.

Слични Вести
Menu