Атрактивни дестинации за ова лето!

 Се вели дека најубавите плажи во светот се оние на Сејшелите! Секој од 115 острови кои се дел од овој архипелаг, е опкружен со неверојатен крајбрежен пејзаж со бели песоци, тиркизна вода, палми и бујна вегетација. Оваа дестинација е атрактивна во секој период од годината. Таа е совршен склоп од природна убавина, култура, спектакуларна природа, уникатен подводен свет и специфична кујна. Уживајте ги изгрејсонцата со топла и мека сончева светлина која ги бакнува мирните морски бранови и дозволете им на магичните нијанси на црвена, портокалова и виолетова на зајдисонцата да ви го одземат здивот.  Од необични камчиња, до скриени природни локации на секоја плажа, Сејшелите ќе ве магепсаат со сите свои уникатни карактеристики.  

Помеѓу повеќе од 140 градови во Италија, велат дека најинтересни се оние на Сицилија. Сицилија е најголемиот остров во медитеранот кој ќе ве освои со своите природни убавини и културни богатства, но и гостопримливи жители, неповторлива атмосфера, пријатен ритам на животот, извонредна кујна и уште поубави вина. Бескрајната листа на неверојатни плажи, е секако првата причина за посета на овој скриен рај. Но освен ова, мора да се спомене дека Сицилија е полна со историја, преплавена со древни уметнички и архитектонски скапоцености. Вулканот Етна, сместен близу до Катанија, е највисокиот вулкан во Европа и еден од најактивните вулкани во светот. Сицилија е истакната житопроизведувачка територија. Портокалите, маслинките и виното се само дел од нејзините земјоделски продукти.. И ова се само дел од многуте неверојатни причини зошто Сицилија е можеби вашата следна дестинација.

 Азурниот брег  отсекогаш бил и ќе остане гламурозна џет-сет дестинација. Низ француската ривиера, хотелите налик на палати и големите вили се мешаат со модернистичките живеалишта од 1930-тите и шарените градби долж средновековните улици. Не очекувајте суптилност овде, регионот ги фаворизира прекрасните градби во Art Deco и Belle Époque стилот, какви што се катедралата во Монако или розовата вила Ефруси де Ротшилд. И сето тоа надополнето со многу јавни или скриени плажи, со тиркизно сина вода. Затоа, МонакоНицаКан и Сен Тропе се места кои вреди да ги посетите оваа лето!

 Португалија полека но сигурно почнува да се вбројува во една од најпопуларните дестинации за туристите во светот. Тука го издвојуваме Азорите, острва со вечна пролет што се наоѓаат во средината на Атланскиот Океан, каде вулканската почва поддржува како фонија од миризливи цветови. Природен рај со 9 вулкански острови се дел од атлантскиот архипелаг на Азорите, создадени од од вулканска активност што се случила пред илјадници години. Со пејзажи од вулкански кратери, бујно зеленило и цвеќиња, плажи со потемна боја на песокот, не е ни чудо што Азорите се нарекуваат „Рајската градина”. Дефинитивно оваа дестинација ја издвојуваме како една од најегзотичните во Европа!

Списокот на вашите следни дестинации за патување едноставно не би бил комплетен без Хрватска чие крајбрежје обилува со плажи со бистра сина вода и градови со пребогата историја. Најпозната дестинација секако е Дубровник. Откријте ги бројните барокни цркви и средновековните мермерни улици, обложени со чудни кафулиња и модерни барови и ресторани. Дубровник е одлична дестинација за одмор бидејќи е парче рај на Земјата исполнет со културна историја и неверојатна архитектура и сето тоа во рамките на иконските градски ѕидини. Дубровник, познат како „Бисерот на Јадранот”, некогаш бил богата и моќна држава, а денес претставува жив музеј и можеби вашата следна дестинација. 

Слични Вести
Menu