Седум часа сон се идеални за оние над четириесет години

Од искуство знаеме дека денот на работа ќе ни биде тежок по долгото ноќно излегување, но иако звучи парадоксално, повеќе сон не е нужно добар за средовечните и постарите луѓе, покажа студијата објавена во списанието Nature Aging.

Истражувачите од британскиот универзитет во Кембриџ и Универзитетот Фухан во Шангај откриле дека седум часа сон е идеален за средовечни или постари луѓе и заклучиле дека повеќе или помалку сон може негативно да влијае на нивното ментално здравје и да предизвика послаби ментални перформанси.

Истражувачите проучувале податоци за 500.000 возрасни лица на возраст меѓу 38 и 73 години, собрани од огромната база на податоци на Обединетото Кралство Биобанк.

Слични Вести
Menu