Сека Алексиќ ќе стане мајка по трет пат!

Пејачката Сека Алексиќ има два сина Јаков и Јован, но таа постојано зборува за проширување на семејството.

Светлана објави дека во септември планира да оди на ин витро оплодување.

Пејачката додала и дека сака големо семејство и дури пет деца.

– Сите грешки што ги правиме како родители со првото дете, ги исправаме со второто, третото, четвртото и петтото. Се надевам дека ќе бидат пет. Се надевам. Во септември планирам повторно да одам на вонтелесно оплодување. Што и да биде, Господ да даде само здравје – изјави пејачката.

Пејачката се осврна и на темата каква е како мајка, и истакна дека е среќна и задоволна што се исполнила во таа улога бидејќи тоа е она што го посакувала долго време.

– Замислете да родам близнаци. Колку и да даде Господ, јас сум задоволна. Макар и да не забременам повторно јас сум среќна и задоволна. Како мајка го постигнав тоа што го посакував долго време – истакна пејачката.

Слични Вести
Menu