Членка на ,,Пуси Рајот,, побегнала од Русија маскирана како доставувач на храна

Маша Аљохина, членка на бендот „Пуси рајот“, побегнала од Русија, маскирајќи се во доставувач на храна, пишува „Њујорк тајмс“.

Аљохина беше ставена во домашен притвор, но додека Кремљ се обидуваше да се справи со критичарите на украинскиот конфликт, нејзината казна беше наложено да се изврши во казнената колонија.

„Одлучила дека е време да ја напушти Русија – барем привремено – и се маскирала во курир за храна за да ја избегне московската полиција која го прегледувала станот на пријателот во кој таа престојувала. Го оставила својот мобилен телефон како мамка и да не била следена. Пријател ја возел до границата со Белорусија и ѝ требало една недела да премине во Литванија“, известува „Тајмс“.

Слични Вести
Menu