Почина Робин Паркинсон, актерот од култната серија „Ало, ало!“

Британскиот актер Робин Паркинсон, најпознат по улогата на Леклер во култната хумористична серија „Ало, ало!“, почина на 92-годишна возраст.

Паркинсон беше добро познато лице на англиската комедија во седумдесттите и осумдесеттите години на минатиот век. Тој глумеше и во комедите The Young Ones, Dad’s Army, The Two Ronnies и други.

Во соопштението објавено во име на неговото семејство се наведува: „Робин Паркинсон, актер познат по Allo! Allo! и како глас од детската серија Button Moon, почина мирно на 92-годишна возраст. Покрај него беа сопругата и ќерките“.

Неговата кариера траеше повеќе од четири децении во филмот, театарот и телевизијата, вклучително и многубројни ТВ-серии – Girls About Town, The Many Wives Of Patrick, The Young Ones и Rising Damp.

Слични Вести
Menu