Цеца: Не сакам да готвам, ниту да одам на пазар!

Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ открила дека обожава да јаде месо, како и тоа што пробала до сега од специјалитети, но и кажа која храна не би можела никогаш да ја проба.

Цеца покрај домашните специјалитети од свинско, пилешко и јунешко, открила дека пробала месо од различни диви животни.

„Сакам многу месо! Сум јадела месо од различни диви животни. Сум пробала змија, зебра, ној, ајкула, крокодил… Единствено нешто што никогаш не сум можела да пробам се полжави. Кога ќе се сетам како изгледаат, навистина не можам – рекла Цеца и истакнала дека иако е голем гурман, во кујна ретко влегува.

„Не сакам да готвам, ниту да одам на пазар, искрено… Мислам дека доволно допринесувам во семејството, да не морам и тоа да го правам. Иако знам да готвам. Јас сум од југ, таму секоја жена мора да ги знае сите работи – изјавила Цеца.

Слични Вести
Menu