Влезе во финале , носеше чевли од Југославија

Од Констракта, односно српската музичарка Ана Ѓуриќ, не очекувавме ништо помалку. Таа се претстави во совршено издание на втората полуфинална ноќ на Евровизија 2022.

Таа добро ги испоти Србите, па и нас, поради тоа што водителите нејзиното име го соопштија дури последно во листата на пласирани. Редоследот е по случаен избор, но исчекувањето беше навистина стресно.

Едноставна, но ефектна, таа го привлече вниманието на целата европска јавност.

На нозете Констракта ги носеше култните југословенски чевли боросани, кои се препознатливи чевли за жените од работничката класа. Удобни и симбол за медицинскиот персонал, тие беа вистински избор за настапот на Констракта.

Слични Вести
Menu