Астрономите објавија дека фотографирале супермасивна црна дупка во центарот на Млечниот Пат. Фотографија од она што американскиот астрофизичар Ферјал Озел го нарече „нежен џин“ е објавена во јавноста.
Озел е ангажирана на Универзитетот во Аризона и е дел од проектот „Event Horizon Telescope“, кој го сочинуваат 300 научници од 13 институции, а управуваат со глобалната мрежа на телескопи.
Првата фотографија од црна дупка досега од галаксијата Messier 87 (М87) е направена во 2019 година. Астрономот Шеперд Долеман од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан тогаш рече дека „го видовме она што само мислевме дека нема да можеме да го видиме”.
Мајкл Џонсон, исто така од споменатиот центар, рече дека најновите наоди, како што рече, се неверојатна потврда за теоријата на релативноста на Ајнштајн.