Кели од ,,Беверли Хилс,, има 50 години, еве како изгледа!

Џени Гарт ја глумеше згодната русокоса Кели Тејлор во култната серија „Беверли Хилс 90210“ во која сите беа вљубени, а еве каде е таа денес.

Серијата „Беверли Хилс, 90210“ е култна тинејџерска серија која со голем успех се прикажуваше во 90-тите години на минатиот век.

Џени Гарт ја глумеше фаталната Кели во популарната серија. Таа брзо стана пример за многу тинејџерки ширум светот. По серијата, таа доби улоги во помалку познати проекти.

Џени во серијата ја глумеше фаталната русокоса Кели Тејлор во која речиси сите беа вљубени. Таа ги скрши срцата на главните машки ликови Брендон и Дилан. Првиот во серијата го глумеше братот близнак, а вториот момчето на нејзината најдобра пријателка Бренда, која ја играше Шенон Доерти.

Фаталната Кели некое време ги криела и здравствените проблеми поради кои се здебелила неколку килограми. Имено, актерката боледува од остеоартритис. Остеоартритисот, понекогаш наречен дегенеративен артритис, е дегенеративно заболување на зглобовите што се карактеризира со уништување на зглобната ‘рскавица. Во 2012 година, актерката исто така призна дека се бори со анксиозноста.

Слични Вести
Menu