Ед Ширан стана татко, доби ќерка

Британскиот музичар Ед Ширан вторпат стана татко и ја изненади јавноста, која не знаеше дека неговата сопруга Чери е бремена. Ед откри дека со Чери добиле ќерка неполни две години откако првпат станаа родители

Ширан на Инстаграм објави слика од детски чорапи, па напиша: „Сакам да ве информирам дека добивме уште едно прекрасно девојче. Двајцата сме толку вљубени во неа и пресреќни сме што сега сме четиричлено семејство“.

Ед и Чери ја добија својата прва ќерка во 2020 година. Тие се заедно од 2015 година, а се венчаа четири години подоцна.

Нивното прво девојче се вика Лира Антарктик Сиборн Ширан, а Ед сè уште не открил како се вика новородената ќерка.

Слични Вести
Menu