Северина и се заканувала на директорката дека ќе ја задави

Обвинителството на 13 мај поднело две обвиненија против пејачката Северина Вучковиќ. Северина наводно е лута поради ситуацијата во која се нашла поради старателството над синот со Милан Поповиќ, поранешниот партнер.

Овој пат дошло до проблем со директорот на училиштето во кое учи  Александар.

Љиљана Клингер, директорката на училиштето, се жали дека Северина и испраќала заканувачки СМС пораки, пишуваат хрватските медиуми.

Тоа се пораки од типот „Ба те задавила со раце бабо“, „Стара,  грда баба“, „Ќе седиш и ќе се тресеш и ќе се тресеш како крива нога како што јас се тресев“.

Директорката поднела жалба против пејачката, а му испратила порака на министерот Давор Божиновиќ на  му напишала: „Сериозно се плашам за мојата безбедност, ве молам помогнете ми да не мораме да испраќаме телеграма на сочувство наместо да ја опомене госпоѓата.“

Слични Вести
Menu