Натпревар во хакирање – победникот зема Тесла и 600.000 долари

Традиционалната, 15-та Pwn2Own конференција, организирана од Zero Day Initiative, која се одржа од 18 до 20 мај во Ванкувер, собра голем број хакерски истражувачи кои имаа за цел да најдат безбедносни пропусти во производите на познатите технолошки компании.

Најголемата награда е предвидена за хакер кој би можел да хакира Tesla Model 3 – дури 600.000 долари и гореспоменатиот автомобил Tesla.

Оваа конференција стана позната како тест област за истражувачи кои пронаоѓаат безбедносни пропусти во производите и ги информираат компаниите за нив. Првиот Pwn2Own беше организиран од Драгос Руиу во 2007 година, како предизвик за хакирање на MacBook Pro компјутерите. Тој концепт подоцна се прошири и настанот се одржуваше неколку пати годишно и траеше неколку дена. Овој натпревар им одговара и на истражувачите кои имаат можност да освојат бројни награди, но и на компании чии производи поминале низ ригорозни безбедносни тестови.

Слични Вести
Menu