Актерката Шерон Стоун (64) предизвика вистинска врева кога се појави на Канскиот филмски фестивал и покажа дека изгледа подобро од многу нејзини колешки во седмата деценија.

Актерката, која навлезе во седмата деценија од животот, на црвениот тепих ги покажа своите неверојатни нозе и уште еднаш ги потсети сите зошто отсекогаш важела за една од најубавите жени во Холивуд.

Шерон Стоун се појави во смарагдно зелениот фустан на модната куќа Долче и Габана, кој ги истакна нејзините нозе. Зелениот фустан нема прерамки, но има шлиц до бутот кој беше доволен за целиот свет да ги види затегнатите нозе на популарната актерка.