Откриена е огромна подземна река лава која ги „храни“ вулканите низ светот

Огромна подземна река лава, која наликува на разгрането дрво, која „храни“ многу вулкани на Земјата, е мапирана благодарение на меѓународен тим на научници.Повеќето од активните вулкани на Земјата се наоѓаат во „Огнениот прстен“, област која граничи со Тихиот Океан од јужна Јужна Америка, преку Централна и Северна Америка, потоа Источна Азија, Јапонија, Индонезија и ровот Кермаде на југозападниот Пацифик. Во таа област се случуваат најголем број вулкански ерупции и земјотреси, а научниците долго време се прашуваа што ги „храни“ вулканите надвор од „Огнениот прстен“. Сега доаѓаат до одговорот, кој е објавен во научното списание Nature.Скриена длабоко под земја, огнената река изгледа како да излегува на површина во областа на островот Реунион во Индискиот Океан. Островот е дом на еден од најактивните вулкани во светот, Питон-де-ла-Фурнез (Python de la Furnace).Научниците претходно претпоставуваа постоење на таков подземен тек на лава, но досега не можеа да го видат сеизмолошки, се додека меѓународниот тим предводен од Марија Чекмисренко од Универзитетот во Оксфорд не го мапираше ова огромно „вулканско дрво“ користејќи собрани податоци со помош на геолошкиот „телескоп“ кој ги регистрира вибрациите на планетата.

Огромното подземно дрво не само што го „храни“ Питон де ла Фурнез, туку и голем број други вулкани, вклучувајќи ги и оние оддалечени 3.000 километри во Источна Африка.Се претпоставува дека ова вулканско дрво е поврзано и со вулканите на Хаваите, кои не се блиску до „Огнениот прстен“, иако се наоѓаат во Тихиот Океан.Научниците веруваат дека пред околу 65 милиони години оваа подземна река лава ја „запалила“ вулканската област на деканската висорамнин во Индија, област која има доволно сеизмолошки потенцијал да зафати милион и пол квадратни километри.

Слични Вести
Menu