Немања предизвика солзи кај Цеца со подарокот кој и го поклона

Фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ откри дека еден гест на фудбалерот Немања Гудељ буквално ја расплакал за време на нивното прво запознавање во вилата на Дедиње.

Имено, таа не сакаше да открие за што станува збор, но на социјалните мрежи се појави фотографија која Немања ја купил, а на која позираат Анастасија и нејзиниот татко Аркан.

-Немања направи еден гест, ми предизвика солзи на очите, емотивна реакција, но за тоа не сакам да зборувам. Секогаш сум почитувала џентлмени и имав среќа да бидам мажена за џентлмен и имам во опркужувањето џентлмени, изјави Цеца на вчерашната прослава по повод роденденот на нејзината ќерка.

Инаку Гудељ на прославата дојде со насмевка на лицето која не ја симнуваше речиси целата вечер.

Слични Вести
Menu