Музички спектакл во чест на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета

Американската пејачка Дијана Рос го заврши својот настап синоќа на платинестиот концерт во Лондон, поканувајќи ја толпата гледачи да ѝ се заблагодарат на кралицата Елизабета за нејзината долга служба.

Познатата соул пејачка (78) излезе на сцената облечена во бело-црн фустан, додека на Бакингемската палата беше проектирана слика од диско топка пред која се одржа платинесто јубилеен концерт.

Дијана Рос го заврши својот настап со песната No Mountain High Enough, придружувана од хор и оркестар, и ѝ рече на кралицата: „Од сите луѓе овде вечерва и милиони што гледаат низ светот, имаме една едноставна порака за вас: Ви благодариме. ”

На гала концертот пред Рос меѓу другите настапија и Дуран Дуран, Крег Дејвид, Алиша Кис и Род Стјуарт. Концертот го отвори бендот Квин со пејачот Адам Ламберт, избор од нивните класични хит песни меѓу кои We Will Rock You, Don’t Stop Me Now и We Are The Champions.

Слични Вести
Menu