Српскиот пејач Бајага во неговата нова песна рапува. Песната која е насловена „21 век“ не е базирана на соло гитари, туку е социолошка рап песна.
Во новата песна, Бајага и Инструкторите ги коментираат впечатливите настани што ни се случија во последно време – корона пандемијата и сите последици од изолацијата, потоа во песната споменуваат маски и вакцини и се фокусираат на војната во Украина и прашуваат дали можно е мирот да е невозможен.