Најбогатата српска пејачка

Дијана Јанковиќ, попозната како Диди Џеј, која во 2013 година се омажи за дваесет години постариот ИТ експерт Данијел Роквиќ, во последно време е поретко во Србија.Кога се во Србија, живеат на Врачар во куќа од 500 квадрати. Имаат три куќни помошнички бидејќи гардеробата на Дијана вреди половина од куќата и треба да се одржува.

Пејачката планира да го реновира целиот кат и да го претвори во гардеробер.

„Ќе има цел кат во стакло и огледала. Ќе биде само мојата гардероба, еден ѕид за чанти и еден ѕид за чевли“, открива пејачката.

Во својата колекција Дијана има „Hermes Birkin чанта“ во портокалова нијанса која чини колку два стана во Белград.

Имено, за таа чанта, која се продавала за 100.000 долари, имало листа на чекање цели шест години.

Пејачката купила чевли кои, како што вели, се носат со златни „ролекс“ часовници, а чинат 2.000 евра.

Слични Вести
Menu