Вкусни пченкарни мафини со сирење и семки

За престојниот викенд подгответе убави и вкусни пченкарни мафини.

Потребни состојки

-1 јајце,

-150гр палента,

-50 гр пченично брашно

-100мл масло

-150мл јогурт

-100мл млеко

-2 лажички крем сирење

-250гр фета сирење

-пециво

-сол

-семки од тиква

Постапка: Во сад измешајте ги сите состојки освен сирењето. Изматете со миксер додека смесата не стане хомогена. Во калап за мафини ставете од смесата малку повеке од половина. Исечете го фета сирењето на коцки и во секој мафин ставете по неколку коцки , па наросете со семки од тиква.

Печете на 180 степени додека заруменат.

Наздравје !

Слични Вести
Menu