Заработија 30 илјади евра на приватна забава за еден час!

Ивана Николиќ, Сања Вучиќ и Ксенија Кнежевиќ од српската група Хурикејн добија 30.000 евра за да пеат на приватна забава.

Австриски бизнисмен испратил приватен авион да ги земе ураганките за да настапат на прославата на 18-тиот роденден на неговата ќерка.

Како што пренесуваат српските медиуми групата истата вечер имала закажано настап во Пореч, но ја прифатиле понудата на бизнисменот да пеат на приватна забава за 30.000 евра.

Бизнисменот не ги познавал девојките од групата, но и ја исполнил желбата на својата ќерка која побарала на нејзиниот 18 роденден да и пее групата Хурикејн.

Слични Вести
Menu