Има сто години но неодамна ја обнови возачката дозвола, ужива да вози!

Кандида Удерцо станала третата стогодишна Италијанка која вози. Во Италија лицата постари од 80 години мораат да ја обновуваат возачката дозвола на секои две години и мораат да достават лекарска потврда дека се психички и физички способни за возење.

„Оваа обнова ме прави среќна, а исто така ќе направи да се чувствувам малку послободна“, рекла Удерцо за “Corriere del Veneto”.

„Имам среќа доживеав 100 години и тоа што сум здрава за мене е изненадување. Никогаш не земам таблети, само повремено апчиња за спиење“.

Вели дека видот и е толку добар што може да чита весник без очила, а секоја недела наутро во 6 е подготвена за долга прошетка сама или со пријателите.

Слични Вести
Menu