На венчавката го повторија славниот бакнеж!

На венчавката на популарната поп-пејачка Бритни Спирс, одржана оваа недела, Бритни и Мадона го повторија својот познат бакнеж од сцената, кој го разменија на доделувањето на МТВ наградите во 2003 година, пренесуваат агенциите.

Според написите, Бритни и Мадона потоа го изведоа хитот на Мадона „Like a Virgin“ заедно со Кристина Агилера. За време на настапот, кој го следеа поранешното момче на Бритни Спирс, Џастин Тимберлејк и тогашниот сопруг на Мадона Гај Ричи, Мадона ги бакна Бритни и Кристина во уста.

Оваа недела Мадона на социјалните мрежи објави фотографии на кои таа и Бритни повторно се бакнуваат, овој пат на свадбената прослава на поп принцезата. Бритни Спирс се омажи за Сем Асгари, фитнес тренер и модел, во нејзиниот дом во Лос Анџелес.

„Бритни изгледаш толку среќно и заљубено. Ти и Сем, ти посакувам се најдобро! Минатата ноќ беше забавна и испотена“, изјавила Мадона.

Слични Вести
Menu