“Internet Explorer” доби надгробна плоча во Јужна Кореја

Откако “Microsoft” објавил дека ја гаси поддршката за “Internet Explorer” и го праќа во дигитална пензија, социјалните мрежи биле преплавени со спомени и досетки на сметка на овој пребарувач. Еден Јужнокореец бил толку емотивен поради оваа ситуација, па му кренал надгробен споменик на славниот интернет пребарувач.

Ерата на “Internet Explorer” е завршена. “Microsoft” ја прекина целосната поддршката за веб-пребарувачот на 15-ти јуни, спуштајќи ја завесата над 27-годишното наследство кое почнало во 1995-та година.

Веб пребарувачот прв пат бил објавен во 1995-та година како дел од пакетот додатоци “Plus!” за “Windows 95” . Го достигнал својот пик во 2003-та година, со околу 95 проценти удел во употребата. Но, со појавата на новите, конкурентски пребарувачи, неговата корисничка база опаднала во годините кои уследиле.

Слични Вести
Menu