ЗП Охрид и Дебарца севкупен победник на 26. Републички пензионерски спортски натпревари

На 26. Републички пензионерски спортски натпревари кои се одржаа денеска во Охрид, ЗП Охрид и Дебарца е севкупен победник.

Организатор на овие портски натпревари беше Созјуот на здруженијата на пензионери на Република Македонија, а домаќин ЗП Охрид. На спортските натпревари учество зедоа 280 натпреварувачи од вкупно 34 здруженија на пензионери од целата земја. Учесниците се натпреваруваа вкупно во 9 спортски  дисциплини, а најдобрите понесоа златен, сребрен и бронзен медал.

На настанот просуствуваа и гости од Здруженијата на пензионери од Србија и градот Врање, како и од Синдикатот на пензионери од Република Албанија.

Игрите за отворени ги прокласи претседателката на СЗПМ Станка Трајковска која подоцна ги врачи и пехарите.

Слични Вести
Menu