Никогаш нема да го фрлите талогот од кафе, доколку знаете колку може да биде корисен!

Нема ништо подобро од мирисот на свежо мелено кафе наутро (попладне или навечер – во било кое време од денот). Интересен податок е тоа што дури и луѓето кои не го поднесуваат вкусот на кафето честопати го сакаат неговиот мирис. Оваа појава веројатно се должи на хемиската структура на зрната кафе, бидејќи тие содржат многу примамливи мириси (како што се силни, овошни, сластни, цветни ноти и други). Па така, дури и ако не го сакате производот (самото кафе), сепак може да уживате во неговиот нуспроизвод (т.е. мирисот). Но, можеби ќе ве интересира да ги дознаете и другите покорисни нуспроизводи на кафето во коишто може да уживате, а коишто се кријат во неговиот искористен талог!  

Наскоро откриена научна студија потврдува дека талогот од кафе, често игнориран и фрлен како отпад, има неочекувани позитивни ефекти.

Прво и најважно, талогот од кафе е одличен природен извор на хранителни материи и хранливи супстанции. Според студиите, талогот од кафе содржи значителни количини на антиоксиданси, витамини и минерали кои можат да бидат искористени во различни области. Овие хранителни материи можат да бидат прилагодени за користење во земјоделството, за храна на животните или пак за козметичката индустрија.

Второ, талогот од кафе има потенцијал да биде корисен во борбата против болести и штетни организми. Неговите антибактериски својства можат да се искористат за изработка на природни дезинфекциски средства. Ова би значело помалку користење на хемикалии и отрови, што е придонес за заштита на животната средина и човечкото здравје.

Колку прекрасно и да мириса шолја свежо кафе, талогот го задржува мирисот којшто може дополнително да се искористи, дури и откако целосно ќе се потроши. Бидејќи во структурата на талогот од кафе се наоѓа азот, хемикалија којашто впива мириси, тој реагира со јаглеродот од воздухот со цел да се неутрализира непријатниот мирис, со што истиот е одличен природен отстранувач на реа. 

Со користење на потрошен и исушен талог од кафе, може да ги елиминирате мирисите од: 

  • фрижидерот (ставете го во сад и складирајте го во вашиот фрижидер);
  • ѓубре;
  • рацете (откако ќе исечкате лук и кромид);
  • патиките, спортската торба, фиоките за чорапи, па дури и семејното возило (само спакувајте дел од талогот во внатрешноста на стари врзани чорапи)

Заборавете ги хемиските средства за чистење и пробајте шака искористен талог од кафе за отстранување на мрснотиите од садовите и тавите. Талогот од кафе е природно абразивен, така што тој е одлично решение за чистење на површини коишто се тешки за освежување. Исто така, бидејќи има и одредени антивирусни и антибактериски својства, талогот од кафе претставува одличен дезинфекциски удар!  

Посипете го потрошениот талог од кафе врз почвата околу вашите растенија за да го зајакнете нивниот раст, како и да ги заштитите од штетници. И, доколку вашето домашно милениче не се противи, можете да им направите темелно миење на телото со зрната кафе за да ги отстраните болвите од нив.

Дали знаевте дека талогот од кафе содржи многу кофеин, дури и откако целосно ќе се потроши? Таквиот кофеин, заедно со големата концентрација на антиоксиданси во талогот од кафе, помагаат да се стимулира циркулацијата на крвта за да се намали подуеноста и да се освежи кожата под очите. 

Темелно измешајте кокосово масло и талог од кафе додека не се добие паста. Нежно нанесете под очите и оставете да отстои 10 минути. Нежно исплакнете ја и исушете ја кожата. Овој процес може да го повторувате секој ден.

Абразивната структура на искористените зрна кафе совршено функционира како природен пилинг на кожа, додека остатокот од кофеинот и антиоксидансите помагаат да се стимулира протокот на крв, на кое било место од телото, кадешто се прави пилингот. Сето ова, заедно со прекрасниот мирис на кафе, којшто ќе се задржи на вашата кожа, ќе направи секое миење на телото да потсетува на искуство налик на она што може да се доживее во спа центар!  

Со секојдневната употреба на производи за коса и себум, а истовремено со таложењето на мртви клетки на кожата, може да биде многу корисно од време на време темелно и длабоко да се исчисти косата. Кратката и дебела текстура на искористениот талог од кафе може да ги отстрани мртвите клетки, давајќи ù на косата можност да расте на поздрав начин, додека пак кофеинот помага да се стимулира раст на косата. 

Метод: Чувајте го користениот талог од кафе во тегла во бањата. Еднаш неделно, масирајте шака талог на вашиот скалп со цел да се подмлади косата. Дополнително, масажите на скалпот секогаш предизвикуваат небесно чувство. 

Кофеинот мошне често се користи во производи за кожа бидејќи го стимулира протокот на крв и може да навлезе низ бариерата на истата. Исто така, бидејќи помага да се спречи прекумерно таложење маснотии во клетките, се смета за мошне корисно антицелулитно соединение за коешто се верува дека помага да се намали појавата на целулит.  

И на крај, талогот од кафе може да биде искористен за зачувување на енергија. Се развиваат нови технологии кои го користат талогот од кафе како суровина за производство на гориво. Оваа иновативна идеја се врзува со концептот на одржлива енергија, каде што се максимизира искористливоста на ресурсите и се намалува зависноста од необновливи извори на енергија.

фото: lifestyle.mk

Слични Вести
Menu