Направете природен серум за здрава коса

Постои начин да ѝ помогнете на косата побрзо да порасне со производи кои можеби веќе ги имате дома. Сосема природно, но малку помрсно од серумите купени во продавница. Овој серум навистина ќе биде фантастичен за вашата коса, но ќе треба да го нанесувате само навечер поради таа причина.

За овој серум ќе ви требаат:

250 ml дестилирана вода
3 супени лажици листови од коприва
10 капки рицинусово масло
10 капки масло од семки од тиква
2 лажици алое вера

Прво ставете ја водата да зоврие, а потоа потопете го листот од коприва и оставете ја водата да се излади. Потоа процедете го чајот. Во него истурете рицинусово масло, масло од семки од тиква и алое. Добро измешајте, особено за добро да се соедини алоето.

Не би било лоша идеја да имате шише со спреј во кое ќе го истурите вашиот серум. Испрскајте го навечер, за да има време да се впие до утрото. Косата ќе ви биде многу поубава и побујна.

popara.mk

Слични Вести
Menu