Еден од најмоќните природни лекови, не само што ќе ви го подобри помнењето за неверојатни 80 отсто туку покрај тоа ќе успее да ги стопи масните наслаги со кои се борите со години.
Клучната состојка е ренот којшто е богат со витамин Ц, калиум, витамин Б1, Б2 и Б6, како и железо, магнезиум и фосфор, пренесува „Natural Healing Magazine“.
Ренот го забрзува метаболизмот, го отстранува уморот и поттикнува развојот на добрите бактерии во стомакот.
Oд состојки, потребни ви се:
– 125 грама рен;
– 4 лимони;
– 3 лажички мед;
– 2 лажички цимет;
– парче ѓумбир (околу 2 сантиметри).
Во блендер ставете ги ренот и ѓумбирот. Исцедете го сокот од лимонот, додадете го во блендер, добро измешајте, па додадете ги циметот и медот. Добро измешаната смеса ставете ја во стаклен сад.
Двапати дневно консумирајте по една лажичка од смесата пред оброк, а доколку вежбате, тогаш консумирајте ја смесата пред тренинг. Практикувајте го ова околу три седмици и нема да се покаете кога ќе ги забележите феноменалните резултати.
tocka.mk