Која крвна група најмногу ја сакаат комарците?

Дали некогаш сте забележале дека комарците каснуваат некои луѓе почесто од другите? Донекаде зависи и од крвната група.

Секоја крвна група има одредени карактеристики. Понекогаш го зголемува ризикот од добивање на одредена болест, а постојат теории дека крвната група дури ги одредува нашите карактерни црти. Крвната група дури може да определи колку интензивно ќе не каснуваат комарците.

Која крвна група најмногу ја сакаат комарците?

Досега се направени некои истражувања кои покажаа дека се работи за нулта крвна група. Сепак, експертите проценуваат дека зачестеноста на каснување од комарци зависи од многу фактори, пишува aktivna.si.

Комарците може да бидат привлечени од мирисот на вашето тело.

Одредени бои што ги носите можат да бидат привлечни за комарците. Сегашните истражувања покажуваат дека најмногу ги привлекуваат црните или темните бои.

Луѓето кои консумирале алкохолни пијалоци можат да им бидат попривлечни на комарците, а се покажало дека комарците особено ги „фаворизираат“ трудниците.

Комарците можат да пренесат сериозни болести, па затоа е важно да се заштитите од нив, без разлика на крвната група и други фактори, пренесува Danas.rs.

nova.rs

Слични Вести
Menu