Нова студија – Дебелите момчиња често стануваат неплодни мажи

Кога момчињата ќе се сретнат со проблемот со вишокот килограми во детството, во телото се случуваат физиолошки промени кои им ја ускратуваат можноста еден ден да станат татковци.

Паралелно со падот на бројот на сперматозоиди, преваленцата на дебелината кај децата ширум светот се зголеми од 32 на 42 милиони. Во овој поглед, истражувачите проценуваат дека околу 60 проценти од децата денес ќе бидат дебели до 35-тата година од животот.

Италијанското истражување, исто така, открило хипотрофија на тестисите кај речиси четвртина од мажите на возраст од 18 до 19 години, чијашто идна плодност била изложена на ризик. Различни услови на животната средина (вклучувајќи изложеност на хемикалии кои го нарушуваат ендокриниот систем) и лични навики (како што се седентарен начин на живот или нарушувања во исхраната) драматично се променија во текот на изминатите неколку децении.

Влијанието на дебелината и метаболичките нарушувања кои влијаат на растот на тестисите во детството е непознато. Тим истражувачи собрал податоци за волуменот на тестисите, возраста, индексот на телесна маса и отпорноста на инсулин кај 268 деца и адолесценти. Тие откриле дека момчињата со нормална тежина имаат 1,5 пати поголем волумен на тестисите во споредба со оние кои биле со прекумерна тежина или дебели во периодот на пубертетот.

Со оглед на тоа што помалиот волумен на тестисите предвидува послабо производство на сперма во зрелоста, истражувачите веруваат дека губењето на тежината може да им помогне на пациентите да избегнат неплодност подоцна во животот.

фото: Freepik

Слични Вести
Menu