Луѓето во Пенсакола на Флорида притрчале на помош откако огромна ајкула се насукала на плажата.
Жена ја снимала драматичната сцена додека нејзиниот сопруг и уште некои мажи работеле на враќање на ајкулата во вода.
Еден од мажите рекол дека ја видел ајкулата како се доближува до плажата со огромна брзина, а потоа ајкулата заглавила на песокот.
„По неколку секунди видов како се бори да се врати во водата, а мојот сопруг ја презема одговорноста да се обиде да и помогне“, рекла жената.
Нејзиниот сопруг и уште неколку мажи ја зграбиле задната перка и го повлекле опасното животно кој длабоките води. Огромната и возбудена мако ајкула се борела и мавтала. Во еден момент ги турнала спасувачите на страна.
„Душо, многу е опасно, не го прави тоа“, вели жената зад камерата.
Жената изјавила дека по неколку обиди на нејзиниот сопруг уште двајца се приклучиле во опасната спасувачка мисија. Успеале да ја одвлечат ајкулата во подлабока вода.
Шокираната ајкула била многу мирна, а набљудувачите се прашувале како животното е сè уште живо.