Кучињата покажуваат емоции на друг начин, со плачење

Постојат толку многу начини што можат да покажат дали кучето е среќно. Сите знаеме дека кога е среќно, кучето мавта со опашката, но има безброј индиции скриени во говорот на телото на кучето за да знаете како се чувствуваат. Но, за првпат, јапонските истражувачи потврдија дека кучињата покажуваат емоции на друг начин: со плачење.

Иако сликата на расплакано куче може да биде доволна за да се расплаче некоја личност, емпатичните луѓе нека дишат длабоко затоа што не станува збор за тажни кучиња. Всушност, научниците неодамна открија дека кучињата плачат од радост кога се среќаваат со своите сопственици.

Професорот Такефуми Кукусуи од Универзитетот „Азабу“ бил инспириран да ја открие улогата на создавањето солзи кај кучињата додека гледал како едно од неговите кучиња ги дои бебињата. Тој забележал дека таа плачела додека ги доела, а професорот претпоставил дека и кучињата можат да плачат од радост. По малку истражување, тој открил дека не постојат студии фокусирани на емоционалното производство на солзи кај животните.

fakulteti.mk

Слични Вести
Menu