(ВИДЕО) Прво возење низ Европа на автономен автобус

Компанијата „Aurrigo“ веќе со години работи на состави за автономно управува. Сега по повеќегодишен развој, претставува прототип на автономен автобус како дел од проектот за развој на автономни електрични возила кои ги кофинансира Европската Унија.

Името му е „Auto-Shuttle“, а сега почна со тестирање на ограничени локации во Чешка и Велика Британија. Во првата фаза ќе има оператор за управувач како осигурување ако се појави некаква грешка. Во блиска иднина ќе вози и без физичко присуство на оператор во автобусот, но со постојан безжичен надзор подготвен во секој момент да преземе контрола над возилото.

„Auto-Shuttle“ се потпира на технологијата „LiDar“ во комбинација со камери, а технологијата во целост ја развила компанијата „Aurrigo“. Автобусот го движи електромотор со сила од 30 коњски сили, вози со брзина до 20 км/ч а досегот е 120 километри.

kurir.mk

Слични Вести
Menu