Јод- минерал неопходен за здраво тело

Основата на урамнотежената и правилна исхрана се витамините и минералите кои имаат една заедничка особина, а тоа е дека нашето тело не може да ги произведе туку мора да ги внесуваме преку храната и водата.

Еден од тие есенцијални минерали е јодот.

Јодот е присутен во хормоните на штитната жлезда, одговорен е за регулирање на функциите на штитната жлезда, го поддржува здравиот метаболизам и помага во растот и развојот. Јодот е неопходен за развојот на мозокот.

Михаел Зимерман, професор и шеф на лабораторијата за човекова исхрана во Одделението за здравствени науки и технологии во швајцарскиот Институт за технологија (ETH) во Цирих и извршен директор на Глобалната мрежа на Меѓународниот совет за контрола и нарушување на недостатокот на јод (ICCIDD), истакнува дека недостатокот на јод во текот на бременоста може да го наруши растот и невроразвојот на потомството и да ја зголеми смртноста на новороденчињата.

Недостатокот на јод во текот на детството го намалува соматскиот раст и когнитивните и моторички функции. Јодот не влијае само на создавањето туку и на одржувањето на когнитивните функции, концентрацијата и помнењето и неопходен е за сите старосни групи.

Најдобри извори на јод се: алгите, морската риба и морските плодови.

tocka.mk

Слични Вести
Menu