Колку време му е потребно на мозокот да се опорави од алкохол?

Прекумерното консумирање алкохол го зголемува ризикот од неколку проблеми поврзани со мозокот како што се деменција, мозочен удар и депресија, покажуваат студиите. Новото истражување покажа колку време навистина му е потребно на мозокот да ја поправи штетата предизвикана од алкохолот, а тоа е со месеци.

Научниците од Универзитетот Стенфорд открија дека на мозокот му требаат 7,3 месеци за да се опорави. За време на тој период, алкохоличарите кои престанале да пијат ја повратиле вкупната дебелина на мозокот, откриле истражувачите.

„Овие резултати ги поддржуваат адаптивните и корисните ефекти на одржливата трезвеност врз структурното закрепнување на мозокот“, напишаа тие.

Студијата, објавена во списанието „Science Direct“, го разгледа влијанието на трезвеноста врз мозокот на алкохоличарите. Натерале 133 луѓем од кои 88 алкохоличари да престанат да пијат и го анализирале нивниот мозок за да видат како тоа влијае на нив.

По седум месеци, дебелината на церебралниот кортекс значително се подобрила кај повеќето луѓе со зависност од алкохол. Било соопштено дека ова сугерира дека мозокот може да ја поправи и регенерира својата структура кога алкохолот повеќе не е фактор.

Сепак, се предупредува дека студијата била спроведена само на неколку луѓе и дека мора да се направат повеќе истражувања за да се потврдат позитивните наоди.

извор:lokalno.mk

Слични Вести
Menu