Од оваа маска косата расте 3 см месечно

Косата ви расте споро, слаба е и кршлива? Обидете се со маска од квасец и ќе бидете воодушевени од резултатите.За многу кратко време косата ќе ви се препороди. Ќе ви стане помека, но и ќе ви порасне многу побрзо. Квасецот го стимулира коренот на косата и има витамини, протеини и минерали неопходни за раст на косата. Хранливите материи се впиваат во фоликулите на косата и ја јакнат оштетената коса.Ви требаат 20 г свеж квасец ( ½ коцка) 1 лажичка мед и 1 лажица млако млеко.

Начин на подготовка:

Во една супена лажица млако млеко растворете една кафена лажичка мед. Мешајте додека целосно да се растопи. Потоа издробете 20 г свеж квасец или 7 г сув квасец. Добро соедините и убаво растопете го квасецот. Оставете ја смесата на топло место да ферментира 15 до 20 минути. Добиената смеса нанесете ја чиста и влажна коса. Завиткајте ја главата со најлонска кеса и пешкир. Оставете најмалку 1 час, а најдобро 2 или повеќе часови, а потоа исплакнете со млака вода.

За максимални резултати, маската е потребно да ја користите 2 пати неделно, во период од два месеци, континуирано. После овој период ќе забележите дека испуканите и сувите краеви ќе исчезнат и а самото влакно ќе стане многу поцврсто и поеластично .

Слични Вести
Menu