За разлика од денешните синтетички производи, кои кријат ризици за здравјето, нашите дедовци за зајакнување на потенцијата, продолжување на ерекцијата и воопшто за зголемување на силата користеле природен сексуален стимуланс составен од неколку растенија кој не само што нема нус појави, туку и помага за здравјето.

Станува збор за комбинација од следниве растенија:
Бабини заби – Активните состојки на оваа билка се особено поволни за половиот систем. Екстрактот, добиен од неа го стимулира производството на лутенизирачки хормон, кој од своја страна влијае непосредно врз производството на тестостерон. Зголеменото ниво на тестостерон пак води до зголемување на сила, мускулен раст, ја продолжува ерекцијата и ја зајакнува потенцијата. Волшебните својства на Бабини заби се детално опишани и во „Водич за кинески лековити растенија и формули” на доктор Хим Че Енг, издадена во 1983 година, а 2 години подоцна и во зборникот „Хемиски состав на источните растенија” на Хсу Чен и Хонг. Во овој момент, светот полудува по оваа билка за која нашите предци знаеле многу одамна.

_______________________________________________________________________________
Кантарион – Тој е еден од најмоќните афродизијаци. Особено корисен е при предвремена ејакулација и делува благопријатно еднакво како на мажите така и на жените. Научници од целиот свет долго ги истражувале својствата на жолтиот кантарион и не ги оспоруваат неговите квалитети
Магарешки трн – Тоа е другата популарна билка позната во целиот свет со своето благопријатно дејство врз потенцијата и половата моќ. Освен тоа помага за обновување на силите на организмот и го зголемува тонусот на мазната мускулатура.

Нашите дедовци знаеле дека комбинацијата од Бабини заби, магарешки трн и кантарион е најмоќната вијагра и одличен извор на енергија. Покрај тоа тие често користеле и мурсалски чај кој содржи големи количества калиум и ценк – едни од најважните елементи од кои зависи квалитетот на спермата, потенцијата и половата издржливост. За прв пат билката е откриена на Шар Планина, од каде потекнува и латинскиот назив Sideritis scardica, а нашите предци го нарекувале “Чајот на долговечноста”.