Рецепт кој ќе ве разубави и препороди

Сите сакаме да сме убави и здрави, но и да не вложуваме многу време во тоа. Еве ви рецепт кој ќе го препороди вашето тело, и ќе ви го разубави лицето, а нема да ви одземе ниту многу време ниту пари.

Ви требаат само 40 суви смокви и маслиново масло. Ништо повеќе. А добивате многу. Оваа фантастична комбинација го зајакнува срцето, а помага за:

– регулирање на работата на гастроинтестиналниот тракт;

– ја подобрува состојбата на кожата и го изедначува тенот на лицето;

– се смета за одлично средство за третман на несоница и утринска непријатност;

-помага за слабеење и прочистување на телото од токсини

Смоквата е богата со калциум, кој лесно се апсорбира и е незаменлив за луѓето кои имаат нетолеранција на лактоза. Смоквите содржат и големо количество антиоксиданси кои го подобруваат имунолошкиот систем и целокупното здравје.

Начин на подготовка:

Ставете ги смоквите во стаклена тегла и прелијте ги со маслиново масло. Затворете ги со капа и ставете ги во фрижидер. По 40 дена можете да ги консумирате овој природен лек.

Слични Вести
Menu