Кога ќе се спомне острво, тогаш веднаш се буди фантазијата за земен рај – долги песочни плажи, тиркизно сина вода, тропска природа, романтика, уживање. Од авион и од брод токму така – како рај, изгледа и островото “Iha de Queimada Grande” но, кога ќе го запознаете, сигурни сме дека нема да сакате да одите, и тоа не само ако ве испратат бесплатно, туку дури и да ви платат огромна сума пари, зошто островото не е рај, туку пекол. Нема духови се разбира, ни човекојадци, но има огромни и отровни змии и тоа- на секој метар по една.
Ово острово на змиите не е имагинарна локација од ноќните мори, туку вистинско место кое луѓето така го викаат, а локално е познато уште по називот “lha de Queimada Grande”. Оддалечено е околу 30 километри од брегот на бразилскиот Сан Паоло, а од воздух изгледа восхитувачки – прекрасна зелена вегетација, преубав брег со песок и опркужен со кристално чисто море, а има дури и светилник.

Но идејата за егзотичен рај , одмор или сурфање веднаш паѓа во вода. Научниците тврдат дека на земјата не постои место на кое концентрацијата на змии отровници е поголема – на секое метро по една. И не е точен митот дека змиите нема да ве чепкаат ако вие не ги чепнете, тврдат научниците. Напротив, вистински змии се, и ќе ве нападнат, а смртта настапува во 99,9 посто случаи и тоа е многу болна. Отровот на овие змии е 5 пати појак од отровот на змиите кои живеат било каде во светот, а да е иронијата уште поголема, змиите имаат златна боја а и вредат цело злато. Цената на една змија се движи од 10 до 30 илјади долари бидејќи отровот е корисен во модерната медицина.

Луда работа врзана за природните супстанции кои се отровни е фактот што имаат и лековити својства. Тоа секако не значи дека треба да побрзате на ова острово. Помислите подобро, зошто од таму ретко кој се враќа жив.