Воз со брзина од 1000 (илјада) километри на час

Да, добро прочитавте.  Корејскиот истражувачки железнички институт објави дека нивниот најнов воз при тестирањето достигнал брзина од над 1.000 километри на час . Оваа брзина е слична на брзината на авионите. На пример, авионите што патуваат од Европа до Азија летаат со брзина од 800 до 1.000 километри на час.

Возот е јужнокорејска верзија на познатиот хиперлуп, што претставува систем на транспорт кој ги превезува патниците во капсули.
Кореја почнала да работи на проектот во 2017 година, а изградбата на патеките и возовите за масовна употреба според планот донесен по успешните тестирања, треба да започне во 2022.

Слични Вести
Menu