Во Јапонија робот проверува дали носите маска

Продавница во Јапонија вработи робот што ќе се осигури дека клиентите носат маски и се грижи за растојанието меѓу купувачите и ги предупредува


Роботот е развиен од Меѓународниот институт за истражување за напредни телекомуникации во Кјото – Робови, и има способност да ги открие луѓето што не носат маски и љубезно да ги замоли да си го покријат лицето. „Робови“ ги води клиентите низ продавницата иможе да интервенира кога луѓето не одржуваат физичка дистанца додека чекаат да платат.

Програмерите на „Робови“, кои стојат зад многу други роботски иновации, се надеваат дека експериментот ќе го намали блискиот контакт помеѓу купувачите и вработените, додавајќи дека тие веруваат дека повеќето луѓе ќе се чувствуваат помалку засрамено кога робот ќе им каже да го покријат своето лице отколку некој друг човек.

Роботот користи камера и сензори за набљудување на луѓето и ласери за мерење на растојанието меѓу нив. Кога не спроведува физичко дистанцирање и носење маски (превентивна мерка што е општо прифатена во Јапонија), Јапонија одлично се справи со пандемијата и избегна висока стапка на заразени и смртни случаи, што беа забележани во други земји од почетокот на пандемијата.

Извор: The Guardian

Слични Вести
Menu