Сте слушнале за паметна шолја? Ја нарекуваат и видовита, а ево зошто

Без грешка погодува што пиете, каков е составот на пијалокот и колку калории има, и сето тоа го испишува на едната своја страна и истовремено го праќа како порака на паметниот телефон на сопственикот. Верувале или не, може да ги разликува дури и Кока-кола од Пепси-кола, и тоа врз основа на количината на шеќерот што во нив се наоѓа.

Станува збор за изум кој ги надмина сите досегашни очекувања во областа на техниката и модерната и напредна технологија.

Оваа магична шолја во буквална смисла на зборот ја мери секоја течност, па така цело време има информација колку калории се внесуваат во телото , но и колку шеќер, кофеин, алкохол и колку вкупно течност дневно се внесува во организмот.

Веднаш штом течноста се стави во шолјата, сензорите кои се вградени во неа за само неколку секунди на надворешната страна на шолјата ќе ги испишат информациите кои ќе ги прочитаат од течноста, па така во ист момент се добива информација што се пие, колку се пие, колку калории содржи течноста и ред други информации.

Во светот оваа шолја веќе е хит број еден, особено кај луѓето кои внимаваат што внесуваат, кои секојдневно бројат калории и се грижат за надворешниот изглед.

Ако се користи преку целиот ден од неа се добива и информација која кажува кога е доста од внесување на течности во телото со појава на сина точка на самиот врв од шолјата.

Шолјата има вградена батерија која преку ноќ може да се полни за да покажува точни и релевантни резултати. Може и да се поврзе со мобилен телефон на кој стигаат информации што сѐ сте испиле во текот на денот.

Па не е ни чудо што чини окол 200 амерички долари.

Слични Вести
Menu