Очила за сонце – моден детал и заштита

Изборот е толку голем, што не може да не најдете некои кои нема да ви се допаднат

Постојано сите медиуми потсетуваат да се носат маски за лице, со цел да се заштитиме од смртоносниот вирус кој владее со светот, но

во сето ова не заборавете дека треба да се заштитуваат и очите. Првенствено секако од сончевите зраци,но исто така и од спонтаните, несвесни допири на очите.

За разлика од маските, кои многу мина не ги сакаат иако мораат да ги носат, веруваме со задоволство ќе ги носете наочарите за сонце кои се тренд за 2020/2021 година. Ги има во сите облици – од округли, до мачкасти, до облик на пеперутка, големи но и тесни темни очила . Дизајнерите на очила оваа сезона понудија повеќе различни типови стилови, а исто така и стакла.

При одбирањето очила за сонце оваа сезона сепак одберете стакла во жолта, портокалова или браон боја и тон. И запомнете, бојата и затемнетоста на стаклото не се однесува на нивото на заштита од сонцето. Темните очила понекогаш донесуваат повеќе штета на очите отколку што ги заштитуваат. Обратете внимание на степенот на заштита од штетното зрачење, а потоа и на рамката. И не заборавете дека при одбирањето треба да ја имате во вид и целта на очилата против сонце и кога ќе ги носите – за возење, спортување, рекреација и прошетки или само како модерен беспрекорен детаљ.

Слични Вести
Menu