Ако не ни верувате нас, верувајте му на Инстаграмот
Паметното купување пред крајот на 2020 година подразбира вложување во неколку парчиња од гардеробата кои ќе ви потраат подолго и во кои ќе можете да уживате и во наредните сезони. Еве што препорачуваат модните експерти за оваа сезона.
-Легинс од лажна кожа
И оваа сезона е модерна лажната кожа. Добронамерен совет: овој материјал купувајте го секогаш за еден број поголем од оној што го носите, така нема да делувате невкусно. Црната и боја на песок нека ви бидат прв избор
-Кардиган
Џемпер со копчиња или без нив е хит на сезоната. Ако е краток и не е со премногу длабок изрез, можете да го носите наместо блуза , или пак со мала слип маица која буквално ѕирка одоздола.
-Капут од вештачко крзно
Познатиот “teddy coat” не отстапува од модната сцена. Оваа сезона во мода е мошне луксузен материјал кој потсетува на фин плиш.